Свет
27. July 2016 - 8:43

Уапсен еден од лидерите на исламистичката група Ансар Дин во Мали

Еден од челниците на џихадистичката група Ансар Дин, која е поврзана со Ал Каеда во земјите од исламски Магреб, е уапсен во централниот дел на Мали.

Уапсен е Махмуд Бари, еден од високо поставените лидери на групата, соопшти безбедносната служба на Мали.

Бари е уапсен во градот Нампала, каде на 19 јули борци на Ансар Дин зазедоа база на владините сили и убија 17 војници.