Македонија
13. August 2020 - 10:36

Уапсен албански државјанин баран по потерница на ГП „Долно Блаце“

На 12.08.2020 во 17.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Македонија, бил лишен од слобода Л.А.(38) од Р Албанија, бидејќи при извршените гранични проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол од Франција.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.