Loading Video...
Фудбал
24. March 2018 - 18:23

У-19:Македонија поразена и од Унгарија

Македонската репрезентација до 19 година на вториот меч од Елитната квалификациска група за ЕП  загуби со 3-4 од Унгарија со што ги загуби шансите за пласман на 1.место во групата што води во завршницата.

Во драматичен меч во кој двете селекции се сменуваа во водството резултатот го отворија Унгарците уште во 4. минута по среќно изведен слободен удар кој го заокружи Моши.

Македонија ја играше својата игра и Колевски успеава да израмни на 1-1 но само за кратко бидејќи противникот има и второ водство од 2-1 со погодокот на Шон. До крајот на првиот дел Митревски успева да израмни на 2-2.

И кога се чинеше дека нашите надежи ќе се одлепат резултатски , Атанасов промашува пенал но сепак носат водство од 3-2 со вториот погодок на Бојан Колевски.

Унгарците не се предаваат и Луштик од пенал израмнува на 3-3.

И кога двете селекции ставаат се на една карта победа  гостите се снаоѓаат подобро и Беварди во 82м постигнува гол за победа на Унгарија од 4-3.  Англија во вториот меч ја совлада летонија со 2-0 и практично го обезбеди првото место во групата и учеството на следното Европско првенство.