Loading Video...
Фудбал
21. March 2018 - 18:59

У-19: Непријатен пораз од Летонија на стартот од европските квалификации

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со пораз стартуваше во квалификациите од елитната фаза за ЕП во Англија. 
 
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ Македонија загуби со 2-1 од селекцијата на Летонија со што драстично ги намали шансите за освојување на посакуваното прво место во групата. 
 
Во моментите на притисок и неколку шанси на нашата репрезентација гостите преку Самоиловс во финишот од првиот дел обезбедија водство од 1-0. 
 
Истиот играч во 56 минута ги доведе гостите до водство од 2-0  а конечните 1-2 ги постави Митровски во 90-тата минута од средбата со гол од пенал.