Македонија
10. July 2020 - 19:43

Туристичките агенции бараат продолжување на мерките од Владата, бидејќи се соочуваат со банкрот

Туристичките агенции ќе банкротираат, а над 5.000 работници ќе останат на улица ако државата не ги продолжи економските мерки, предупредуваат од секторот. Тие повторно испратија листа на барања до Министерството за економија.  Бараат субвенционирањето на платите да продолжи до крајот на годината, враќањето на кредитите да се одложи до септември идната година, компаниите од секторот во наредните пет месеци да се ослободат од плаќање на ДДВ.

Тврдат ако државата итно не им помогне голем број на семејства ќе се најдат на списокот во Агенцијата за вработување.

Бараат измени во Протоколот за патување, со кои пополнетоста на капацитетот на автобусите наместо 50 да биде 70 отсто, а зелените картони да може да важат и во 2021 година.

Сметаат дека и туристичките ваучери треба да одат исклучиво преку туристичките агенции. Барањата вчера ги доставиле до Министерството за економија од каде очекуваат позитивен одговор. 

Инаку туристичките агенции веќе 5 месеци се со клуч на врата.