Бизнис
22. February 2021 - 16:40

Туристичкиот сектор бара бесплатни ПЦР тестови за странските гости

Бесплатни ПЦР тестови за странци бараат домашните туристички работници.  За да добијат ваков тест гостите нивниот деловен или туристички престој во земјава ќе треба да го докажат со хотелска сметка или ваучер од агенцијата, а да важи за сите државјани на кои ќе им биде потребен при влез во матичната држава. Од секторот велат дека мерката мора итно да се спроведе, затоа што загубите се огромни и не може да се потпрат само на домашни гости.

Бараат и измени во  условите за субвенции и веднаш да се формира комитет за туризам. Велат дека сите предлози иако се договарани со Владата истите не се реализирани.

Туристичкиот сектор е ден од најпогодените од пандемијата. Бројот на странски гости е намален за 40 проценти, а на ноќевањата за околу 50 отсто.