Loading Video...
Кошарка
12. March 2018 - 19:02

Турција бара проширување на Јадранската лига

 Заврши регуларниот дел во Јадранската лига по што ќе следува завршниот фајнал-фор. Македонскиот претставник МЗТ Скопје доживеа убедлив пораз од Морнар во Бар во синоќешниот дуел со што го освои последното место во лигата.

Завршија возбудувањата во регуларниот дел од Јадранската лига  по што се формирани полуфиналните двојки за завршниот фајнал фор каде, интересно, се пласираа две екипи од Црна Гора. Во првиот дуел ќе играат  Црвена звезда – Морнар, во вториот  Будуќност – Цедевита.

Познавачите на приликите во лигата прогнозираат нов успех на Црвена Звезда особено во полуфиналето со Морнар додека многу поизрамнети се Будуќност и Цедевита каде се прогнозира неизвесен дуел.

За МЗТ СКопје ова е најнеуспешната сезона во која го освои последното место со само три победи и дури 19 порази.  Останува отворено прашањето дали ќе се прошири лигата како што се најавија и Македонија повторно ќе има свој преставник во ова важно натпреварување за балканската кошарка.  Има најави дека Турција повторно притиска да настапи со еден клуб како дел од Балканот  со што лигата ќе добие нов спонзор и финансиски ефект но за тоа треба да се изјасни раководството на јадранската лига.