Македонија
11. May 2021 - 16:37

Тројца обвинети не признаваат вина за издавањето лажни пасоши

Тројца обвинети по судски пат ќе докажуваат дека не биле дел од групата која фалсификувала пасоши. Судењето почна денеска. Доказите обезбедени од обвинителството биле класифицирани и строго доверливи, па рочиштето се одвива зад затворени врати.

Судот им изрече затворски казни во траење од една година и 7 месеци, до две и пол години. Еден заработи условна казна.

Тие во судницата признаа дека низ нивните раце минале над 200 фалсификувани пасоши за странски државјани со криминално досие. Меѓу лицата кои добиле македонска патна исправа е и турскиот бегалец Пекер кој преку видео порака објави дека се среќавал со премиерот Заев.

За Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа било доказ дека македонскиот премиер имал лични релации со како што велат од партијата, шефот на турската мафија.

„Зоран Заев тврдеше дека не се познава и не се среќавал со Седат Пекер, додека СедатПекер тврди дека се среќавал со него и со неговите коалициони партнери. Ова признание од страна на Пекер кажува дека Заев лажел, и не само што се среќавал, туку дека бил негов гости во неговиот дом“, изјави Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот со издавањето фалсифукувани пасоши го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, власта пак обвини за саботажа на истрагата која била во тек.