Свет
26. May 2016 - 13:10

Тројца мртви во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Најмалку три лица загинаа, а 35 се повредени денеска во експлозија во хемиска фабрика во Мумбаи, финансиската престолнина на Индија, соопштија индиските власти. 

По експлозијата се разгори пожар, а животот го загубиле тројца работници во фабриката, која се наоѓа во областа Тана, северно од Мумбај.

Во Индија чести се случаите на пожари и други несреќи во фабрики поради слабите мерки за безбедност при работа.