Бизнис
1. April 2020 - 17:45

Три сценарија за последиците врз државниот буџет

Од 700 милиони  до 1,3 милијарди евра ќе недостасуваат  во буџетот поради намалената наплата на приходите. Минситерството за финансии со три сценарија, најоптимистичкото е ако падот на вкупните приходи е до 20%, тогаш буџетската  дупка ќе изнесува 700 милиони евра, ако падот е околу 30% - ќе фалат милијарда евра, најцрното е помала наплата  од околу 40%, кога буџетските  потреби ќе се зголемат  на 1,3 милијарди евра. За да се обезбедат овие пари, веќе се бараат 600 милиони евра, кои најверојатно ќе стигнат во мај.  Ќе се издава и еврообврзница, но со  поголем износ од првично планираните 500 милиони евра.

Наплатата на вкупните приходи во март остро почна да паѓа, вели министерката Ангеловска. На дневно ниво и  до 25%. Потфрлиле сите  приходи –  од  ДДВ., акацизи и данокот  на добивка..  Ангеловска очекува вториот квартал да биде најтежок за економијата. . За да се ублажи ударот врз фирмите и граѓаните, веќе обзебедиле пакет мерки вреден 200 милиони евра, но ќе се кратат и сите непродуктивни триошци. 

Бизнисот  бара и  државата редовно  да си ги плаќа обврските, на што министерката одговорори- не се доцни со плаќање,  сепак, се прават напори редовно да а течат исплатите кон приваниот сектор. Ангеловка во одбрана и на банкрскиот сектор – кој предложи кредитите да не се плаќаат 6 месеци, но каматите да течат. За неа, важно е да остане стабилен и овој сектор.

Целосно замрзнување на ратите за кредит, со бришење на каматите, Ангеловска  вели дека нема ниту во соседните земји, Србија , Црна Гора Албанија и Словенија. Ова значи дека достасаните камати за грејс периодот кој го даваат банките, граѓаните и фирмите ќе треба  дополнително да си ги платат по истекот на 6 те месеци, период до кога ќе им бидат замрзната кредитите.