Три милиони евра за проекти за рамномерен регионален развој
Со 180 милиони денари или три милиони евра од државниот буџет ќе се финансираат 26 проекти во осумте плански региони во државата за подобрување на условите за живот. Договорите за реализација на проектите ги потпишаа претставници на осумте плански региони со директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази.
На потпишувањето на договорите присуствуваа вицепремиерот Владимир Пешевски, кој е претседавач на Советот за рамномерен регионален развој, и министерката за локална самоуправа Ширет Елези.
Со средствата ќе се финансираат проекти со кои ќе се гради или ркеонструира локална патна инфраструктура во седум региони, ќе се гради инфраструктура во две локални индустриски зони во Велес и Неготино, ќе се уреди јавен простор за паркови во два региони, ќе се модернизира регионалниот пазар за стоки во Пелагонискиот регион, ќе се изведуваат комунални инфраструктурни проекти во три региони, а ќе се изврши и адаптација и санација на Занатетчки дом во Куманово.
Според вицепремиерот Пешевски, денешното потпишување на договорите е чекор напред кон рамномерниот регионален развој и подобрување на условите за живот на граѓаните во сите региони во Република Македонија.
Министерката Елези потенцира дека за годинашниот буџет, кој е двојно поголем од претходната година, биле пристигнати 32 предлози, а се прифатени 26 проекти. Најмногу средства, како што е утврдено според степенот на развиенот, ќе добие најмалку развиенот Североисточниот регион 31 милион денари, а најмалку Скопскиот, како најразвиен 13 милиони денари.
Дополнително на ова обезбедени се и 77 милиони денари за уште две компоненти кои се однесуваат на специфични подрачја и за развој на селата.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност