Три дена блокада на железничкиот сообраќај
Бизнисот во проблеми поради блокадите на железничкиот транспорт. Возовите стојат по пругите, нарачките не може да се реалзираат. Фирмите нижат загуби - но колку ќе изнесуваат допрва ќе се пресметува. Стравуваат дека состојбата наскоро нема да се нормализира, а друг начин за транспорт нема. За да си ја вршат работата единствено на располагање ги имаат вагоните на македонски железници.
Сметаат дека е време за целосна либерализација на пазарот, за да не се соочуваат фирмите со вакви проблеми.
Машиновозачите пак цврсто стојат на ставот - без исплата на вториот дел од платата за октомври, возовите нема да тргнат.
Од раководството на претпријатието трет ден молк. Нема никаква информација дали воопшто се бара начин и кога би се исплатиле овие пари.
Од буџетот на министерството за транспрот за МЖ Транспорт обезбедени над 6 милиони евра, од кои најголем износ досега е префрлен. Парите се за покривање на загубите во патничкиот сообраќај.
Машинскиот персонал во МЖ Транспорт трет ден со ред протестира со целосна блокада и на патничкиот и на товарнио сообраќај. Овие прекини се се почести. Инаку претпријатието долго време работи со загуби. Минатата година беше споменато дека е меѓу оние фирми за кои се размислува да се приватизира, пркеу модел на јавно - приватно партнерсто.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар