Бизнис
8. April 2021 - 16:42

Транспортерите револтирани од поскапата акциза

Транспортерите изненадени. Утрово ги дочекаа за 3 денари повисоки цени на дизелот  затоа што ноќеска се зголеми акцизата. Камионџиите се незадоволни затоа што трошоците постојано им  растат, а не добиваат бенефити како нивните колеги од другите земји на кои државата им враќа дел од акцизата. Велат дека нивните зголемени трошоци, ќе ги зголемат трошоците на останатите производи.

Регулаторна вчера попладне ја донесе одлуката за зголемување на акцизата за дизелот затоа што законот налага така. Акцизата времено се зголеми лани во април за време на вонредната состојба. Траеше до втората половина на јануари. После тоа беше укината. Но со последните измени во законот трајно се зголемува. Во ова, според Регулаторна нема ништо тајно што промената е направена преку ноќ.

Опозицијата реагира на новите акцизи. Велат дека не само горивата се поскапува, а платите растат само на хартија.

Од ноќеска дизелот е поскап за 3, а бензините за половина денар по литар. Неделава ова е втора промената на цената по редовната во понеделникот. Во понеделник цените повторно ќе бидат променети.