Loading Video...
Свет
26. September 2019 - 16:45

Трамп: И по објавениот транскрипт од телефонскиот разговор со Зеленски, демократите немаат причина за импичмент

Белата куќа го објави контоверзниот телефонски разговор  помеѓу Трамп и Зеленски, кој ги поттикна  демократите во Конгресот да покренат постапка за импичмнет на претседателот на САД.

Според објавениот транскрипт од разговорот на 25-ти Јули, американскиот претседател  бара од лидерот на Украина  да биде обновена истрагата против неговиот можен ривал на претстојните претседателски избори Џо Бајден и неговиот син Хантер за нивните бизнис активности оврзани со Украина,иако засега нема никаква незаконска постапка.

Во записот  не се гледа дали  Трамп  истрагата ја врзува  со американската воена  помош за Украина која во тоа време  тој ја замрзна. Демократите бараат импичмент за ништо. повтори ТРамп..

-Кога ќе ги разгледаат информациите, тоа е шега. Импичмент за тоа? Кога имате прекрасна средба или имате прекрасен телефонски разговор“,вели Доналд ТРамп,претседател на САД.

-Мислам  дека имавме многу добар разговор. Разговаравме за многу нешта и мислам, а го прочитавте тоа, дека никој никого не притиснал“, додаде Володимир Зеленски ,претседател на Украина.

Контроверзниот телефонски разговор помегу Трамп и Зеленски го откри  свиркач од американското разузвунање,кој доставил жалба Трамп до Конгресот.

-Сметам дека обвинувањата се длабоко вонземирувачки. Исто така сметам дека се многу кредибилни. Жалбата е многу добро напишана. Секако, содржи и информации за комитетот да ги истражи со други сведоци и документи. Свесни сме што треба да се направи. – изјави претседавачот на комитетот за разузнавање, Адам Шиф. 

Во комитетот за разунавање во претставничкиот дом за овој скандал  во текот на денот  ќе сведочи шефот на американското разузнавање.