Loading Video...
Спорт плус
15. November 2020 - 19:53

Титулите за Хамилтон и Мир

Нова титула седма по ред за Луис Хамилтон откако победи на големата награда на Турција во Истанбул.  Британецот го израмни рекордот со недостжниот Шумахер.

          Хамилтон доминираше во Истанбул и успеа за цел круг да го мине својот клупски колега Валтери Ботас за да ја осигура новата титула.

          Носителот на пол позицијата Ленс Строл од Рејсинг поент успеа да ја води трката некаде до средината но Хамилтон кој ја имаше шестата стартна позиција успеа да ги мине ривалите и да дојде до првото место пред Серхио Перез кој беше втор оставајќи ги во драматична завршница зад себе пилотите на ферари и по грешката на Леклер на подиумот како трет се искачи Себастиан Фетел.

          Познат е новиот шампион во најсилната класа во мотоциклизам тоа е Шпанецот Жоан Мир кој на трката во Валенсија го освои скромното 7-мо место но направи недостижна предност пред своите ривали и ја прослави својата прва светска титула иако во тековната сезона оствари само една победа.

На последната трка до својата трета победа во 2020 стигна Италијанецот Франко Морбидели пред  Џек Милер.  Еден од главните фаворити за титулата оваа сезона Квартараро не ја заврши трката во Валенсија.