Македонија
18. November 2019 - 16:32

Тимоние: Ги очекуваме реакциите на нон-пејперот од сите земји-членки, но и земјите кандидати

Франција го чека ставот на сите-земји членки на унијата за новата методологијата за проширување. Франсцускиот амбасадор во земјава вели дека во следниот период ќе ги сослуша ставовите и на македонските власти, но каква иднина ќе има францускиот предлог ќе зависи од сите членки на унијата. Тимоние потенцира дека без разлика на исходот, приоритет за Франција и натаму останува владеењето на правото.

 Всушност тоа се француските размислувања доставени до сите земји-членки на ЕУ и по насоките од мојата Влада ја ги оставив до властите на РСМ и ги очекуваме најпрво реакциите на земјите-членки, но исто така ќе бидеме мошне внимателни и ќе ги сослушаме забелешките од македонска страна, вели Тимоние.

Токму зајакнувањето на правната држава преку зајакнување на улогата на Уставниот суд во процесот на интергација на земјава беше и во фокусот на средбата која утрово Тимоние ја оствари со новиот претседател на Уставен Сали Мурати.

Сакаме да ја продлабочуваме нашата соработка и ветувам дека и Уставниот суд е за евроатлантската интеграција на нашата држава, владеењето на правото, особено со почитување на човековите права и слободи што фактички имаме и обврска според Уставот – истакна Мурати.

Францускиот нон пејпер посветен на новата методологија за преговори предвидува построги критериуми и побавен процес на пристапување.  Париз бара реверзибилен процес во кој поглавјата би се отварале едно по едно, а евентуалното назадување ќе ја врати државата кандидат на почетокот.

Конечната методологија се очекува да ја изготви Европската комисија до јануари следната година, пред да се објави новиот пакет за проширување.