Македонија
25. May 2022 - 12:20

Тим археолози од повеќе земји ќе вршат подводни активности во локалитетот Врбник

Ќе се истражува локалитетот Врбник .Тим археолози од повеќе земји ќе вршат подводни активности се со цел да открие начинот на живеење во наколната населба,  која има долга хронологија и располага со  интересни и вредни наоди.

Врбник кој се наоѓа во струшкиот дел на Охридското езеро може да биде нова туристичка атракција и со добра промоција во иднина да стане проепознатива дестинација како Заливот на коските.

Врбник кај старите стружани е познат како Дримени. Овде се пронајдени и предмети изработени од бронза и железо, но и накит. Дел е од листата на светски подводни локалитети од огромно значење поради својата големина и богатство со археолошки материјал.

Инаку локалитетот Врбник се наоѓа помеѓу Струга и селото Калишта на околу 200 мeтри од брегот . Првите информации за наколната населба датираат од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, кога локалното население ги забележува колците на дното од езерото.