Loading Video...
Кошарка
27. September 2021 - 10:54

ТФТ и Куманово утре дебитираат во ФИБА Еврoпа купот

 
Екипите на ТФТ и Куманово утре ќе го имаат своето деби во ФИБА Евро-купот.
 
Тимот од скопската населба Тафталиџе по 30-часовно патештествие пристигна далечниот руски град Краснојарск каде ќе игра во рамките од квалификациската Ц група во која за противник ќе ја имаат екипата на Натуртекс Сегед против која ќе играат утре во терминот од 14 часот и 30 минути. 
 
Доколку уепеат да го минат унгарскиот тим тогаш кошаркарите на ТФТ во полуфиналето ќе играат против екипата на Меди Бајројт од Германија.
 
А, кошаркарите на Куманово се во холандскиот град Гронинген каде ќе се играа квалификациските средби од А групата. 
 
Кумановци утревечер од 19:30 часот ќе играат против австрискиот тим Сванс Гмунден. 
 
Тримуф би значел и пласман во полуфиналето во кое за противник ќе го имаат домаќинот Донар Гронинген.