Loading Video...
Кошарка
24. February 2021 - 17:20

ТФТ домаќин на Берое во дуел од БИБЛ лигата

Kошаркарите на ТФТ вечерва имаат настап на меѓународната сцена, односно дуел од новата фаза во Балканската лига. Втората  групна фаза БИБЛ лигата, започнува вечерва со дуелот во Скопје, каде нашиот претставник, ТФТ за противник го има бугарскиот тим Берое. Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ со почеток од 19 часот. Инаку ова ќе биде втор дуел на овие екипи кои се сретнаа и во првата фаза натпшреварувањето. Во меѓусебниот дуел одигран исто така во Скопје екипата на ТФТ го победи Берое со 80-75.
 
Тимот од скопската населба Тафталиџе кој игра во Ф групата за противник ќе го има и израелскиот тим Хапоел Гилбоа Галил.
 
Вториот наш претставник екипата на Куманово ќе игра во групата „Г“ во која за противници ќе ги има екипите на  Академик Пловдив и Хапоел Холон.
 
Првопласираните две екипи од двете групи ќе обезбедат место на финалниот турнир кој треба да го даде новиот шампион на БИБЛ лигата.