Македонија
27. August 2016 - 16:18

Тетово: Проблеми и политика

Проблеми со водата и сметот, недоградената капела за православните гробишта, неасфалтирани улици.

Граѓаните на Тетово велат дека градот стана лошо место за живеење. 

Неделава на седница на Совет координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Горан Јовановски, познат по прекарот Комарец побара од градоначалничката да одговори како ќе се надминат градските проблеми.

Наместо за проектите, се случи вербално надмудрување за политичката моќ. 

Тетово веќе неколку години е најзагаден град во државата.