Македонија
16. December 2019 - 11:48

Тешко повреден тракторист во дојранско Николиќ

Вчера утро околу 06.10 часот во село Николиќ, дојранско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистерски ознаки, управувано М.Н.(41) од село Николиќ и трактор без регистерски ознаки, управуван од Д.Т.(56) од село Николиќ.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен во Здравствен дом Гевгелија за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.