Македонија
16. May 2021 - 16:47

Термин за вакцина добиле сите над 40 години од Скопје, другите ќе почекаат

Министерот за здравство Филипче го смени ставот. Ветуваше дека до 15ти мај термин за вакцина ќе има за сите пријавени, денеска пак,  преку ФБ статус  вели дека термин добиле сите над 40 годишна возраст од Скопје. Граѓаните кои се во оваа група, а се уште немаат порака, ги упати да се јават кај матичниот лекар. Според него, термин сигурно има, но поради погрешен број или маил, СМС се уште не добиле.   

Министерот Филипче уверува дека во следните 3 дена и во останатите градови термин за вакцина ќе добијат сите над 40 години, кои до крајот на април се пријавиле за вакцина

Инаку, според официјалните податоци, заклучно со петок вакцинирани се  203,324 граѓани, додека интерес пројавиле нешто над 346 илјади лица. Со овие бројки, според здравство, 35% од населението над 70 годишна возраст имаат примено барем по една доза вакцина.

Имунизацијата против Ковид се одвива согласно планот, вели министерот Филипче. Вчера пристигнаа уште 100.000 дози од Синофарм, донација од Кина. Во тек е вакцинацијата на приоритетните граѓани, над 70 годишна возраст, а од вчера се вакцинираат и пациенти со  дијализа и трансплантација. Следни ќе бидат лицата со ретки болести, а понатаму сите останат.