Loading Video...
Спорт плус
1. April 2020 - 15:29

Терените на УС Опен се пренаменуваат во болници, и белградските сали се подготвуваат за болни

Се повеќе спортски објекти властите ги ставаат во функција за поефикасна борба против пандемијата на Ковид-19. 
 
Во САД каде пандемијата од час во част зема се поголем замав, а еден од најпогодените градови е Њујорк, веќе се подготвуваат или се подготвени дополнителни мобилни болнички капацитети. 
 
Покрај они во популарниот „Централ парк“ и дел од објектите на тенискиот центар каде се одржува Гренд-слемот УС Опен, ќе бидат пренаменети во привремена болница која ќе има капацитет од 350 кревети
 
Воедно во кујната на теренот „Луј Армстронг“ дневно ќе се произведуваат 25.000 пакети храна за пациенти, работници и волонтери.
 
И спортските објекти во Белград, официјално добиваат нова намена, односно стануваат – болници.
 
Откако белградскиот саем се претвори во болница, српските власти сега тоа ќе го направат и со популарната белградска арена („Соко Штар“), како и салите „Александар Николиќ“ (поранешен „Пионир“) и „Ранко Жеравица“ (поранешен „Дом на спортовите“) за тие да може да се користат за прием на болни од болеста Ковид-19.
 
Предвидено е во салите да имаат капацитет околу 2.500 пациенти.