Македонија
17. January 2022 - 16:36

Тепачка помеѓу вработени во угостителски објект во Карпош

Вчера вечер се степале двајца вработени во угостителски објект во Карпош.

- На 16.01.2022 во 21.10 часот В.В.(38) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот на подрачјето на Карпош, во угостителски објект каде бил вработен, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.М.(27) од Скопје, и тој вработен во објектот, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.