Македонија
26. January 2023 - 19:44

Тензично рочиште за несреќата кај Ласкарци

Вештачењето кое треба да открие кој е виновен за трагедијата кај Ласкарци, ја вжешти атмосферата во судница. 

Кавги меѓу судиите, обвинителот и адвокатите за начинот на кој се испитуваат вештаците, обвинувања дека судот дозволува тие групно да одговораат и закани за отсранување од судница го одбележаа рочиштето за автобуската несреќа.

Според обвинителството, супервештачењето на кое  се чекаше една година, е непрофесионално изработено. 

Незадоволни се и семејствата на загинатите. Гледаат обид за заштита на „Дурмо турс“ и нејзиниот сопственик.

За одбраната, супервештачењето е јасно. Автобусот бил исправен, несреќата е заради човечка грешка, тврдат адвокатите.

Идниот месец се навршуваат четири години од трагедијата во која загинаа 16-мина, а 37 беа повредени.

Според обвинението, автобусот имал неисправни сопирачки за кои замижале во станицата за технички преглед, а не се регистрирала ниту брзината на движење. За несреќата, повеќе од три години им се суди на сопственикот на Дурмо Турс, вработени во станицата за технички преглед и возачот на автобусот.