Македонија
21. јуни 2021 - 19:44

Тендерот за свидетелства не е завршен, директорот на БРО тврди дека одложувањето е поради пандемијата

Има или нема свидетелства? Директорот на Бирото за развој на образованието тврди дека свидетелства има, но до училиштата ќе бидат дистрибуирани до септември за да се не се правеле гужви.

Меѓутоа, според информациите на Сител  тендерската постапка се уште не е завршена.

Тендерот е поништен двапати поради две жалби кои биле усвоени од Комисијата за жалби по јавни набавки. Едната е од „Киро Дандаро“ од Битола, другата од „Европа 92“ од Кочани. Втората жалба од „Европа 92“ е усвоена на втори јуни. Согласно праксата, оттогаш досега прекратко е времето за Бирото да има склучено договор. Комисијата за жалби во двете решенија препорачува тендерот да го добие „Арбериа Десигн“, која понудила најниска цена за изработка на свидетелствата. Од компанијата за Сител само кратко потврдија дека тендерската постапка се уште не е завршена.

Тендерот е објавен на 06 април, и е со проценета вредност од 6,5 милиони денари.