Балкан
6. July 2015 - 14:59

Телефонски разговор Ципрас-Меркел

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кусо ја прекинал средбата со грчкиот претседател и лидерите на поголемите политички партии, со цел телефонски да разговара со германската канцеларка Ангела Меркел.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, детали за содржината на разговорот засега не се соопштуваат.

Во меѓувреме, портпаролот на германската Влада Штефен Сејберт изјави дека грчкото отфрлање на мерките за штедење ја разјаснува позицијата на Атина, но не мора да значи дека ја прави посилна.

- Канцеларката во резултатот од референдумот гледа разјаснување на грчката позиција и тоа дека 60 проценти од Грците стојат зад негативниот став на Владата, изјави Сејберт.

- Не можам и не сакам да проценувам дали Ципрас излезе посилен или послаб од референдумот. Според тоа како ги толкувам неговите говори, тој лично смета дека е јасно зајакнат. За германската страна, со гласањето на граѓаните, грчката позиција уште повеќе е разјаснета. Никогаш не беа во прашање политики на штедење, туку на реформи, додаде портпаролот на германската Влада.