Таравари: Немам намера да му се извинам на Заев, вистина е дека нудел пари на наша пратеничка
Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нема намера да му се извини на премиерот Зоран Заев, по изјавата во која кажа дека нудел пари на пратеничка за да ја придобие при формирање на парламентарно мнозинство.
Таравари тврди дека ја зборувал вистината и оти обајцата знаат што се случило, напомена во одговорот на новинарско прашање, денеска во Гостивар.
– Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно. Бидејќи сме во хибриден режим и не сакам да вовлекувам нашите пратеници во непријатна ситуација, оваа приказна и таа тема ќе ја завршам тука. Јасно е што е направено, изјави Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците.
Таравари неодамна во телевизиско интервју обвини дека низ земјава се „шетало со куфери полни пари“ и оти пратеничка од редовите на Алијанса за Албанците добила понуда од пријатели на премиерот да премине од опозиција во владејачкото мнозинство. По ова следеше демант од премиерот Заев и најава за тужба доколку Таравари не се извини за кажаното.
Гостиварскиот градоначалник десет денови пред состанокот на Европскиот совет е песимист за добивање датум за преговори со ЕУ.
– Го чекаме 14 декември, бидејќи имаше ветувања за евроинтеграции. Јас и Алијанса посакуваме датум, но според сигналите што ги добиваме од Бугарија, тоа е невозможна мисија и не верувам дека тоа ќе се случи. Времето е кратко, а позитивен сигнал може да добиеме по формирањето на новата влада во Бугарија, подвлече Таравари.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари