Loading Video...
Спорт плус
24. April 2022 - 11:50

Тајсон Фјури со нокаут најави крај на кариерата

Тајсон Фјури со нокаут на својот противник најави крај на својата успешна кариера. 
 
На боксерскиот спектакл одржан на „Вембли“ во Лондон, Британецот на задоволство на домашната публика, во шестата рунда го нокаутира својот противник Дилиан Вајт. 
 
 
Фјури за својата 32-ра победа во професионалната кариера, заработи 24,5 милиони фунти, а по борбата најави дека тоа е негова последна во кариерата.