Балкан
4. August 2022 - 16:33

Тајниот договор со СПЦ му ја разниша фотељата на Абазовиќ

После 100 дена Влада, фотељата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ се тресе. На 19 август парламентот закажа вонредна седница на која ке се гласа недоверба на владата на Абазовиќ. Инцијативата ја поднесоа пет опозициони партии, на чело со Социјал демократите на Мило Гукановиќ. Причина е Темелниот договор кој Абазовиќ го потпиша со патријархот на СПЦ Порфирије,ненајавено и зад затворени врати во подгоричката вила Горица. Со договорот на Српската православна црква и  се гарантира правото на сопственост над црквите и манастирите кои се во нивно владеење  на територијата на ЦГ . Целта на овој договор, е сите верски заедници да имаат идентични права, порача Абазовиќ, најавувајки дека догвор ќе се потпише и со Црногорската православна црква.                                                                                 

Абазовиќ само неколку дена пред  да го стави потписот на документот со СПЦ  негираше дека тоа ке случи. Договорот е планиран и потпишан во тајност, а Порфирије мораше со хеликоптер да пристигне во Подгорица, по што шефот на граничната полиција самиот си поднесе оставка во знак на протест бидејки српскиот патријарх  со делегацијата  без контрола и без евиденција влегол во ЦГ.  Опозицијата обвинува дека догворот е во спротивност со Уставотот секуларниот карактер на државата и дека задира во националните интереси. Прашањето на СПЦ во ЦРна Гора е псотојан генератор  на нестабилност. Последните  три влади паднаа на тој тест, а допрва ке се види дали и кабинетот Абазовик ке преживее.