Џет-Сет
20. March 2018 - 13:58

Тага: Почина братот на познатиот актер, откриена причината за смртта

Многумина се шокираа од веста за смртта на братот на познатиот актер. Пред три месеци ненадејно почина во 40. година, а семејството на уметникот Џона Хил остна во шок.

По деталната обдукција стигна резултатот кој покажа дека Џордан Фелштајн починал од природна смрт, а причина била запуштена артерија во белите дробови и згрутчување на крвта во ногата.

Кратко боледувал од запаление на белите дробови, а она што допринело за кобниот исход биле вишокот килограми.

Џордан бил менаџер на познатиот бенд Марун Фајв.