Loading Video...
Свет
29. September 2020 - 16:40

СЗО најави брзи тестови за 5 долари кои ќе даваат резултат за 15-30 минути

Брзи Kовид-19 тестови кои покажуваат резултат за 15 до 30 минути од октомври ќе се употребуваат во посиромашнните земји. СЗО објави дека во период од 6 месеци ќе бидат пуштени во употреба 120 милиони вакви тестови од две разлчични компании.

 - Овие тестови обезбедуваат доверливи резултати за 15 до 30 минути, наместо за повеќе часови или денови, за помала цена и без потреба од софистицирана технологија. Ова ќе овозможи проширување на тестирањата, особено во местата кои се тешко достапни и немаат лабораториски опреми или пак доволно стручни здравствени работници за извршување на ПЦР тестовите, Директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрехесус.

Со брзите тестови се трага по антигени или протеини на површината на вирусот. Значително се побрзи од ПЦР тестовите, но се сметаат за генерално помалку прецизини. Двете компаниите тврдат дека нивните тестови се 97 проценти точни во оптимални услови. Тестовите изгледаат како тестови за бременост, со две сини линии кои прикажуваат позитивен резултат, ќе бидат прегледувани од здравствени работници. Еден тест чини 5 долари.

Бројот на починати во светот од коронивурост денеска ја надмина бројката од еден милион и според последните податоци на СЗО како последица од Ковид-19 починале милион и десет лица. Македонија има убедливо најлоша корона слика на Балканот и е меѓу земјите кои имаат најголема смртност во Европа, покажува најновата анализа на националниот британски медиумски бренд BBС. Во BBC пресметале дека со 34,6 починати на 100 илјади жители Македонија има најголема смртност во регионот. Најблиску до нас е Косово каде на 100 илјади жители починале 26,4. Следи Црна Гора и Босна и Херцеговина. Од соседите, освен Косово, сите останати имаат три пати помала смртност отколку во Македонија а во Грција смртноста е за дури 10 пати помала. Во европски рамки Македонија е на деветтото место. Најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.

Од Министерството за здравство веќе објаснија дека високата смртност во Македонија се должи на различната методологија која земјава ја користела за евиденција на смртните случаи.