Loading Video...
Свет
19. јуни 2021 - 16:43

СЗО: Индиската мутација станува доминантна

Индискиот сој на коронавирусот е на пат да стане доминанта варијанта на болеста  во светот, соопшти СЗО. Сојот именуван  од СЗО како делта беше откриен во октомври минатата година во Индија и досега го има во повеќе од 74 земји.

Покрај високата заразност за делта сојот според досегашните студии се знае дека  двојно го зголемува ризикот од хоспитализација во споредба  сп варијантата откриена во велика Британија, предизивкува потешка форма на болеста кај    невакцинираните лица против Ковид-19 или оние кои примиле само една доза вакцина. Студиите велат дека  две дози обезбедуваат силна заштита од овој сој.  

-Делта-сојот е на добар пат да стане доминантен во светот поради високата инфективност. Кој е соодносот меѓу вакцинираните и невакцинираните, тие со една или две дози? Тоа е нешто кое го следиме многу внимателно, документираме и имаме специјална група која ја следи ефикасноста на вакцините на ниво на популација во однос на разните варијации, изјави главниот научник на СЗО.

Од европските земји  Русија и Велика Британија имаат најмногу проблеми  со делта сојот на кој се препишуваат речиси 90 проценти од новите случаји на корона вирусот  детектирани  во тие земји. Прогнозите на СЗО велат дека делта  наскоро ќе стане доминатен сој и во САД и Германија.