Македонија
7. April 2020 - 16:47

Светски ден на здравјето-Филипче: Вие сте пиедесталот, Мицкоски: Голораки се борите со пандемијата

Македонско лекарско друштво на Светскиот ден на здравјето повикува  на максимална заштита на здравствените работници во ова време на пандемијата која го парализира светот. За првпат во своето 75-годишно постоење организацијата нема традиционално да го одбележува овој ден, стои во пораката на претседателот на организацијата, доктор Горан Димитров, во која се упатува благодарност до сите оние кои се вклучени во борбата против корона вирусот.

Светската медицинска асоцијација секојдневно укажува на мерките и ги охрабрува своите членки .Лекарските асоцијации во светот да бараат од своите Влади да обезбедат највисоко ниво на заштита за здравствените работници кои се грижат за своите пациенти. Повеќето тоа го работат во услови без минимален стандард ,а тоа се случува дури и во најразавиените земји во светот, стои во апелот на лекарското друштво.

И Министерот за здравство Венко Филипче во видео порака потсети дека здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата. Тој им порача на колегите да се  грижат за  своето здравје и да останат заштитени на работното место и надвор од него за да можат и натаму да се грижат за пациентите.

Знам дека во моментов носите огромен товар. Заморот полека не’ стига сите, а не чекаат уште тешки денови. Но јас верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани.

Престедателот Пендаровски на фб статус ги повика гарѓаните да ги почитуваат препораките и со самото тоа да им помогнат на граѓаните за да ја добие битката против болеста. 

Отворено писмо до медицинскиот персонал и сите оние кои се во првите редови во борбата против епидемијата  упати и лидерот на опозицијата.

Вашиот деноноќен труд спасува животи, и додека за време на полицискиот час секој од нас е дома со семејствата, вие сте на работните места и помагате. Не може човек, а да не се поклони кон величенственото дело кое го правите за нашата земја и овој народ, со чест и сила која нè прави горди. Во моите мисли се луѓето во белите мантили, како и полицајците, оние кои го одржуваат редот и мирот, напиша Мицкоски.

Тој побара итна помош за Куманово каде ситуацијата е критична. Мицкоски ги повика лекарите најмногу што е можно да помогнат за потребите на Кумановската болница. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во моментов политиката не е важна туку хуманоста. Тој изрази благодарност и до медиумските работници кои во ситуацијата го ризикуваат здравјето за да да информираат  правовремено и објективно.