Бизнис
3. јуни 2020 - 16:58

Светската банка предупредува на растечка сиромаштија

До крајот на оваа година околу 60 милиони луѓе ќе бидат втурнати во екстремна сиромаштија. Светска банка предупредува дека Владите во земјите во развој треба да преземат долгорочни мерки за да се надминат негативните псоледици од здравствената криза.

Новите мерки треба да ги направат економиите поотпорни во иднина, на многу држави ќе им бидат потребни политики кои ќе поттикнат создавање нови типови работни места, компании и системи на управување.

„Одлуката за избраните политики вклучува поголема транспарентност на долгот, потоа за привлекување нови инвестиции, побрз напредок во дигиталното поврзување и големо проширување на мрежата за финансиска помош за сиромашните коишто ќе помогнат да се ограничат штетите и да се обезбеди посилно закрепнување“, рече Малпас.

Светска банка предупредува дека особено ќе бидат погодени оние економии кои имаат слаби здравствени системи, оние кои во голема мера зависат од глобалната трговија, туризмот или дознаките од странство и извозно ориентираните економии кои зависат од извозот на стоки, се истакнува во анализата.

Во оваа група земји влегува и Македонија. За земјава се предупредува дека ќе се зголеми сиромаштијата, невработеноста  и заработувачаката на населението. Светска банка има две сценарија за Македонија, според оптимистичкото 55 илјади граѓани, според песимистичкото 130 илјади ќе станат сиромашни, ако кризата потрае до крајот на август.  Стапката на сиромаштија соодветно од сегашните на 17 ќе се зголеми на 20 до 23%.

Целосната анализа на Банката за глобалната економија понајголемата криза од Вторта светска војна досега ќе биде објавена на 8 јуни.