Loading Video...
Спорт плус
23. July 2021 - 19:46

Свечено отворени ЛОИ во Токио, Македонија се претстави со 8 спортисти

Денеска во Токио свечено беа отворени ЛОИ  на кои ќе настапат илјадници спортисти од целиот свет. На свеченото дефиле се појави и македонската делегација со знаменосците Георгиевски и Реџепи. Македонија на игрите ја преставуваат 8 спортисти. 

Како и секогаш и овие игри беа отворени спектакуларно иако јапонската јавност бараше ново одложување откако  олимписките игри 

Олимпијадата сепак ќе се одржи иако имаше и најави дека во 5 до 12 може да се откаже. Сепак спортот победи и повеќе од 10 илјади спортисти ќе си го остварат сонот и ќе се борат за медал. 

„Денеска е момент на надеж, сѐ е многу поранлично од тоа што можевме да го замислиме. Ова е светло на крајот на тунелот, а олимпискиот пламен е тоа светло кое ќе блеска“, рече Томас Бах, првиот човек на светскиот олимпизам на отворањето на ЛОИ во Токио. 

најпопуларната спортистка во земјата на домаќинот, тенисерката Наоми Осака го запали олимпискиот оган.

Македонија во Токио ќе се претстави со  осум спортисти а битка за медал најавуваат борачот Могамедгаджи Нуров и таеквондистот Дејан Георгиевски. Ќе настапат уште и пливачите Филип Деркоски и Миа Блажевска-Еминова, атлетичарот Јован Стојоски, потоа Борјан Бранковски во стрелаштво, каратистката Јована Пулексенија и џудистката Арбреша Реџепи.

Еден од спектаклите на свеченото отворање на игрите кои ќе се одржат без публика беше дефилето на 1824 дронови што предизвика воодушевување меѓу присутните.