Loading Video...
Ракомет
15. April 2021 - 16:49

Супер неизвесни дуели во кој голманите беа во преден план

Докрај неизвесни беа двата денешни натпреварод од 6.коло во ракометната Супер лига. 
 
И на двата натпревари голманите беа оние кои ги спасуваат гостинските екипи од пораз. 
 
Тана во скопското дерби Бутел и Металург копе заврши без победник 23-23, голманот на Металург, Даниел Дупјачанец одбрани зицер во завршните секунди за бод на тимот од Автокоманда. 
 
Речиси на идентичен начин заврши и „езерското дерби“ меѓу Струга и Охрид, па откако Даниловски одбрани ударот од седум метри на Николиќ резултатот остане 17-17 на крајот. 
 
Со по еден освоен бод екипите останаа на истите позиции на табелата. 
 
Охрид е четврти со 8, Бутел има 7, металург 5, а Струга 2 бода. 
 
На првите три позиции се Вардар со максимални 18 пред Еурофарм Пелистер со 15 и екипата на Пролет која досега собра 9 бода.