Македонија
27. November 2015 - 18:12

Судски совет: ЕУ со двојни аршини

Двојни стандарди од Европската Комисија за извештајот во делот на судството. Претседателот на судскиот совет не очекувал такви забелешки и препораки од Брисел. Тврди  дека тоа што комисијата го бара од македонските судии не е пракса во некои европски земји, ниту се барало ниту пак имало усогласувања со евроспките стандарди. Ушковски вели дека има напредок во судството. Македонија е лидер во регионот по брзината на решавање на граѓанските предмети а 100 проценти од македонските судии се позитиво оценети за нивната работа.

Ушковски со забелешка и до политичарите но и академиците да не го нарушуваат интегритетот на судиите преку наметнување на влијание за целото судство.

Судовите треба да бидат отворени за медиумите, во иднина судскиот совет на оваа тема ќе работи со двета новинарски здруженија МАН И ЗНМ. Ушковски смета дека судите се многу толерантни и воздржани во односот со новинарите. За поефикасна работа на судовите потребен е и поголем буџет, по примерот на Јавното обвинителство, вели претседателот на советот. На денешната тркалезна маса , судиите од судскиот совет и највисоките судови  во земјава усвоија 12 заклучоци по кои ќе работат се со цел заштта од мешање во нивната независност.