Македонија
21. September 2020 - 12:37

Струмица: По трите случаи позитивни на Ковид-19 една третина од децата останаа дома

Сите шест колна на струмичката градинка денеска работат нормално, но бројот на деца е намален за околу 30% во однос на почетокот од минатата недела. Директорот на градинката вели дека за ваквата ситуација можеби влијание имаат потврдените случаи на Ковид-19 кај три дечиња, но исто така ова се должело и на периодот на адаптација.

Според него секоја година првиот месец од почетокот на работењето имале речиси идентична ситуација бидејќи имало деца на кои им требало повеќе време да се прилагодат на новите услови.

Тој додава дека место за страв нема затоа што се работело согласно сите протоколи и континуирано се правела нивна проверка. Тие постојано биле во контакт и со родителите на децата од групата што е изолирана како и со тројцата вработени.

Сите биле во добра здравствена состојба и без симптоми. Првиот случај на Ковид-19 кај дете кој го добило од член од семејството од струмичката градинка беше потврден во четвртокот по што целата група од 11 деца беше изолирана. Два дена подоцна позитивни тестови добија уште две дечиња од истатa група.