Loading Video...
Ракомет
12. August 2022 - 14:20

Струга подготвена за јубилејното 50-то издание на ракометниот турнир

Струга e подготвена за уште едно издание на силниот меѓународен ракометен турнир
 
На Струшкиот ракометен турнир што ќе се одржува од 16 до 20 август, ќе настапат  осум екипи, поделени во две групи,  а годинашното ќе биде јубилејното 50-то издание
 
Покрај домаќинот и организатор Струга, во А конкуренцијата ќе играат Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и грчкиот АЕК.  
 
Некогашните европски шампиони Вардар и Целје од Словенија заедно со Бутел и новиот суперлигаш Алкалоид ќе се натпреваруваат во Б групата. 
 
Според програмата од 16 до 19-ти секој ден ќе се играат по три, додека на последниот дел (20 август) планирани се четирите средби кои ќе го одредат конечниот пласман и победникот.