Македонија
29. January 2023 - 16:34

Струга нема решение за бездомните кучиња - Во меѓувреме продолжуваат напади од кучињата и масовни труења

Проблемот со кучињата скитници нема крај.Секојдневно стружани реагираат за нови напади врз граѓаните кои завршуваат во болница но и на масовни труења на уличните кучиња.Нела Стојаноска е само една од многуте која од агресивни кучиња заврши со рани на раката и ногата.

Стружанката Стојаноска вели дека иако е голем љубител на кучињата,сепак настарада од нив таа бара општината итно да преземе мерки за решавање на овој горлив проблем.

Градоначалникот Мерко пак побара да престане говорот на омраза во однос на кучињата скитници во спротивно најави пријави до надлежните органи, со цел, заштита на човечкото достоинство.

- Апелираме до сите граѓани да имаат свој удел во решавањето на проблемот, со пријави во полиција кога ќе видат како камионите полни со кучиња се истоваруваат овде од целата држава, кога ќе видат како сопствениците намерно ги пуштаат кучињата на улица, кога ќе увидат дека домашните кучиња не се вакцинирани или немаат чипови и други слични случаи.  Слободно изразете го вашето мислење, но во насока на решавање на проблемот, затоа ве молиме бидете мирни и разумни! стои на фејзбук страна на општина Струга.

Од локалната најавија дека  распишан е тендер за заловување, кастрација и стерилизација а направен бил и  проект за изградба на стационар, но за негова реализација се бара финансиска поддршка од државата.