Македонија
23. јуни 2021 - 12:23

Стручното образование се попривлечно за идните студенти

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика или популарно информатичар е најатрактивна струка за идните средношколци. Во штипското средно електро-машинско училиште за овој профил местата се пополнети во две паралелки со по 34 ученика. Пополнет е и класот за угостителство, односно, келенери и готвачи. 

-Имаме уште некое слободно место кај телекомуникации, електротехничар-енергетичар и во машинската струка, изјави Дејан Павлов, директор на СОУ „Коле Нехтенин“ - Штип.

Дека средното насочено образование, кое значи стекнување на занает е најпривлечно за завршените основци, говори и фактот што се повеќе има ученици и од останатите општини од двата региони.

-Претежно имаме од Свети Николе, Пробиштип, Злетово, Радовиш, по неколку ученици од Кочани, Виница и Малешевијата, додаде Павлов

Во „Коле Нехтенин“ има уште 70 слободни места. Денес, утре и задутре е вториот уписен рок и нова можност за полуматурантите да одберат каде ќе ја продолжат својата едукација.