Бизнис
19. May 2023 - 16:30

Стопанска комора со 9 точки бара енергетска поддршка за бизнисот, Бектеши најавува поддршка и за бизнисот и за граѓаните

ЕСМ да откупува евтина струја од фотоволтаици, наместо да произведувa скапa од термоелетраните, државата да гради хидро, ветерни и биогасни електрани,а не само фотоволтаици, кои можат да доведат до енергетски дисбаланс.

Да се намалат постапките, давачките  и царините за батерии  каде ќе се складира вишокот енергија од фотоволатаици. Стопанската Комора испрати 9 предлог мерки до Владата за да се поддржи економијата во економската криза.

За власта – прифатлииви. Оние кои се однесуваат за енергетски капацитети каде државата е сопственик - ќе бидат прифатливи, но согласно економските можности.

Логични се барања на Комората. Сите кои се однесуваат на државните енергетски капацитети и таму каде што се бара наше мислење до Регулаторната Комисија, зошто да не, ќе ги прифатиме, изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Државата ќе им помогне и на граѓаните,вели Бектеши. Покрај дневната евтина  тарифа од 1 јули, се размислува и ДДВ на струјата да остане 10,а не 18 отсто

Владата секогаш носи одлуки во интерес на граѓаните. И сега ќе донесе такви одлуки, кои се во нивни интерес, а на штета на институциите и енеркетските компании, додав Бектеши

Евтината дневна тарифа беше укината лани, на 1 јануари, поради енерегетската криза, за да се спречи значително поскапување на струјата. Но, и ддв-то од 5 се зголеми на 10 отсто, за од јули да се врати на 18%.