Loading Video...
Ракомет
21. September 2021 - 11:20

Стоилов: Да ја израдуваме нашата публика со победа над Мешков Брест

Утревечер во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, македонскиот првак Вардар го печекува белорускиот Мешков Брес во меч од 2.коло на А групата во Лига на шампиони. 

Вардарци ќе го играат првиот меч од елитната лига на свој терен, а по подолг периот и пред своите навивачи чие присуство ќе биде огромно значење за црвено-црните. 

„Во првото коло одигравме еден чуден меч, можевме да победиме, но можевме и да загубиме. Чекаат три натпревари во серија, првиот од нив е Мешков Брест. Играме дома пред публика по долго време. Имаме новитети во екипата, двајца нови играчи, но се надевам дека ќе одиграме најдобро што знаеме и дека ќе славиме заедно со публиката“, изјави капитенот Стоилов.

За оваа средба тренерот Веселин Виуовиќ не ќе може да смета на повредените, Анте Кудуз и Јан Чувара. 

Потсетување дека Вардар во првата рунда одигра нерешено 27-27 на гости кај Елверум , додека белорускиот шампион беше поразен во првата рунда и тоа на домашен терен од германски Кил со 30-33.

Утрешниот дуел меѓу Вардар и Мешков Брест ќе се игра во вечерниот термин од 20:45 часот.