Свет
23. May 2022 - 12:22

Сто потврдени случаи на мајмунска сипаница во Европа

Во Европа веќе се пријавени сто потврдени случаи со мајмунска сипаница, а во следната недела се очекуваат нови позитивни. Случаи се евидентирани во Велика Британија, Португалија, Белгија, Шпанија, Италија и Франција. 

По Белгија и Велика Британија воведе задолжителен 21 ден карантин за сите пациенти позитивни на болеста.

Постојат стравувања дека вирусот веќе циркулира во општата популација, предупредуваат британските лекари. 

Случаи на мајмунски сипаници пријавија и САД, Канада и Австралија. СЗО во моментов развива упатства за спречување на ширењето на болеста.