Бизнис
1. August 2020 - 19:36

Статистиката бележи пад на индустриското производство во јуни за 15%, како и на бројот на работници во овој сектор

Индустријата на колена, лошото допрва доаѓа. Производството во јуни бележи пад од 15%, бројот на отпуштени раст за 5% објави статистиката. Најмногу откази се поделени во преработувачката индустрија. Организацијата на работодавачи со црни прогнозои – очекуваат многу полоши бројки за месеците кои следат. До јуни имаше финансиска помош од државата за да се зачуваат работните места, сега веќе ни таа ја нема.Опстанокот на фирмите е доведен во прашање.

-За жал и во јули ќе продложи тој тренд на падот на индустрсикото производство, кој се должи не само на намалената потрошувачка и кај нас и кај нашите најголеми коминтенти од Западна Европа и пред се во Германија, туку и поради здравствената криза, зголемените отсуства на вработените,  затворање на компаниите каде се појави вирусот, неработење на градинките, голем дел луѓе во изолација. Сето тоа влијаеше за пад на индустријата, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

-Ќе преживеат само фирмите кои немаат кредити, а такви има многу малку, смета Димитров. Проблемите наместо да се намалуваат, ќе се продлабочуваат. Ако не се смири состојбата со ширење на заразата, август, септември и октомври ќе бидат многу тешки. Неминовно ќе следат откази.

-Само финансиски стабилните комании, без кредити и без долгови кон добавувачи ќе опстојат на пазарот. Останатите – ако не се најде вакцина или не се спречи ширењето на вирусот, или ќе затворат или ќе го намалуваат бројот на вработени, додава Димитров.

Од почетокот на кризата, до јуни без работа останаа 19.000 лица. Новите бројки за јули, Агенцијата ќе ги објави наредната недела. Милион и 200 илјади граѓани пак, не можат да ги задоволат основните месечни потреби, кои за едно 4 члено семејство изнесуваат нешто над 33 илјади денари.