Loading Video...
Спорт плус
30. October 2019 - 15:12

Стартува реконструкцијата на струшкиот затворен базен

Во Струга денеска стартуваше реконструкцијата на затворениот базен 
 
Затворениот пливачки базен во Струга кој години наназад е нефункционален и надвор од употреба ќе се реконструира и повторно ќе му биде на располагање на пливачите .
 
Од Агенцијата за млади и спорт велат дека станува збор за еден од најголемите проекти со кој ќе се врати сјајот на градот и спортот на највиско ниво.
 
Во минатото затворениот базен во Струга за редовни тренинзи го користеа и охридските пливачи.
 
Од Агенцијата за млади и спорт издвоени се 30 милиони денари наменети за реконструкција на базенот и се планира во 2021 година да биде ставен во функција, додека според новиот договор до 1 декември 2020 година треба да биде готов и затворениот пливачки базен во Охрид .