Македонија
30. November 2021 - 16:36

Станоевска: Парите за вакцинирани пациенти наместо кај матичните да се донираат за бесплатни тестови

30-те денари од вакциниран осигуреник наместо на сметка на ординациите да бидат подарени на Министерството за здравство и Фондот за да обезбедат бесплатни ПЦР тестови за пациентите. Ова е контра предлог од др. Анкица Станоевска до Владата наспроти финансиската стимулација што ја нудат здравствените власти за зголемување на опфатот на вацкинација. Др. Станоевска вели дека нема лекар што за половина евро ќе убедува некој да прими вакцина а од друга страна две години  матичните мака мачат како да стигнат до термини за тестирање на цели семејства кои немаат можност да одат на приватно. Очекува нејзините колеги да се согласат со предложеното.

- Ќе се согласат и те како, бидејќи моите колеги ја работат медицината бидејќи ја сакаат и во невозможни услови се обидуваат да најдат решение и работат според протоколи. Предлогот на Владата е задоцнет а и морам да кажам понижувачки, вели др. Анкица Станоевска, матичен лекар.

Доктор Станоевска вели дека како матичен веќе има 70 проценти вакцинирани осигуреници, но тоа не е реализирано за дополнителен бонус туку од постојаните разговори и комуникацијата со пациентите во ординацијата.

- Кај нас се цели фамилии, ние имаме комуникација поврзани сме со тие семејства и никој од моите пацинти за 30 денари нема да се вакцинира ниту пак јас за 30 денари ќе убедувам некој, вели др. Станоевска.

 Откако Филипче ја најави новата предлог стимулативна мерка за матичните кои треба да го зголемат процентот на вакцинирани, голем број лекари реагираа дека тоа е понижувачки за нивната работа. Министерот за здравство, пак, вели до него не се пожалил никој од примарната заштита за да реагира што ќе добие плус пари.