Бизнис
22. јуни 2022 - 16:39

ССМ почна генерален штајк

Јавниот сектор стапи во генерален штрајк. Вработените се на своите работни места но, работните задачи ги извршуваат делумно само за итни потреби на граѓанните. 120 сточлиња беа поставени пред Собранието, како симбол на бројот на пратеници. Дел од членството на ССМ протестираше 4 часа пред законодавниот дом со барање пратениците да го изгласаат амандманот за покачување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што порасна минималецот.

И здравствените работници штрајкуваат но, со оглед на тоа што се работи за неопходна дејност поголем дел од медицинскиот кадар е на располагање, иако штрајкуваа 1 час пред болниците.

Дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа пред Собранието да дадат поддршка за штрајкот на вработените во јавниот сектор.

Министерската за труд очекува дека со помош на посредникот двете страни бргу ќе дојдат до решение.

Штрајкот продолжува и утре, а ССМ во периодот од 10 до 14 часот ќе ја блокира улицата пред Владата.