Бизнис
16. August 2017 - 20:24

ССМ: Димовски го обвинува Митревски за штетни договори

Димовски најави дека ќе поднесе кривични пријави против Митровски за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и за „фалсификување документи“, на што ќе претходи вештачење и ревизија на финансиското работење.

- Еден од од најсканадалозните е договорот на Митревски со кој тврди дека на 25.06 2015 година на првата седница на Претседателство се носи одлука за животно осигурување, право за користење надомест за стан, иако има стан во Скопје, надомест за трошоци за стан (струја, вода, комуналии,  топлификација и сите други давачки). Висината на надоместот за стан се одредува со посебна одлука на Претседателството што никогаш не е донесена, во износ од 250 до 300 евра, рече на прес-конференција Димовски.

За Митровски обвинувањата се спинови на нелегитимно раководство. Вели дека договорот важел за сите претходни претседатели и дека истите синдикални претставници ниту еднаш не го оспориле како членови на претседателството.

За регрес во јавниот сектор, како и враќање на неговата задолжителна исплата во приватниот сектор во износ од 40 проценти, ќе се залага и новиот претседател на ССМ.